МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска во ООУ“Тошо Велков Пепето„ беше одбележана годишнината (75години) од смртта на д-р Тодор Велков Пепето„-патрон на училиштето - и 35 годинини од изградбата на ова училиште.

Учениците изведоа прекрасна - содржинска културна уметничка програма во која учествуваа голем број ученици со одлична кореографија, под водство на наставници на ова школо.

Пред тоа за прв пат , во самото училиште беше откриена биста на д-р Тошо Велков Пепето-кој го носи името на училиштето, а делегации на училиштето предводени од директорот Блаже Велков,претседателот на Советот Ристо Сакалиев,Општина Кавадарци, гости од збратименото училиште во Ниш,и други положија свежи цвеќиња.Директорот Блаже Велков пред гостите кои присуствуваа на свеченоста говореше за сегашниот миг во воспитно образовниот процес на ова училиште и ги нагласи залагањето на наставниците и целиот персонал да воспитат и ги збогатат со знаења генерации и генерации од прво до 9-то одделение .

На Ангела Василева,Филип Ралев ,Мишела Кадрова , им беа предадени пригодни награди и беа прогласени за ученици на генерацијата , а тие пак се обратија до присутните со пригодни зборови за 9-годишното нивно школување во ова установа.

На наставници и вработени во ООУ„Т.В.Пепето„ им беа врачени пригодни јубилејни награди за поминати 10 и 20 години на работа во ова установа.

Свеченоста на следеа претставнци на Советот, Општина Кавадарци, директори на образовни установи од градот,гости од Ниш , родители на ученици кои се школуваат во училиштето . Децата покажаа дарба за добра настап во точките кои ги подготвија со нивните наставници.

20190520_111030.jpg