МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Локален Музеј – галерија Кавадарци во соработка со Градоначалникот и Локална самоуправа и Дневниот центар за деца со посебни потреби - Кавадарци, денесka продолжи со реализација на едукативниот проект “Работилница за едукација, популаризација и презентација на археолошкото културно наследство“. Преку игра, смеа, цртање, боење и едукација, децате се запознаа со археолошките предмети од различен временски период при што пројавија голем интерес и креативност.

Учесници во проектот од Дневниот центар: дефектолог Ана Камчева, педагог Весна Дуброва, психолог Магда Пашоска а од Локален Музеј - галерија Весна Ѓорѓиева – директор и раководител на проектот и Трајче Цветков, Билјана Галабова кустоси – членови во стручниот тим.