МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци целосно ја ревитализира улицата „Пано Мударов“. Во последната фаза од релизацијата на проектот специјализирана екипа на ЈП„Комуналец“ вршеше обележување на хоризонталната патна сигнализација.

Вчера попладне ангажираната оператива заврши со поставувањето на финиот слој асвалт со што општината заокружи уште еден успешен зафат од проектот за ревитализација на главните улици во градот.Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.Финансиските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти, МСИП.Општина Кавадарци продолжува со реализација на овој значаен проект со кој по скоро пет децении централните и најстари улици кои се „крвотокот“ на градските и регионални комуникации ќе се ревитализираат и ќе бидат многу побезбедни за одвивање на сообраќајот.

60703366_2420300281527352_8723156879724773376_n.jpg

61085704_2420300278194019_1765714918570459136_n.jpg