МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Се известуваат жителите на Општина Кавадарци и сите останати кои сообраќаат на „Западен булевар“ дека истиот поради изведување на градежни работи, односно асфалтирање, ќе биде затворен за сообраќај во деновите 01.06.2019 (сабота) и 02.06.2019 (недела) од 8 до 17 часот. Булеварот ќе биде затворен за сообраќај од бензинската пумпа на „Макпетрол“ се до пред „Слога“ односно во должина од 1 километар. Земјоделците кои имаат земјоделски активности во овој дел од градот истите да ги започнат или завршат пред 8 часот и по 17 часот. Се замолуваат жителите за разбирање поради ваквиот изменет сообраќаен режим.