МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска СОЗШУ„Ѓорче Петров„ одржа голема свеченост во Домот на културата во Кавадарци со цел да го промовиваат проектот

„За меѓутничка интеграција на младите во образованието„-истовремено изведен е хуманитарен перформанс.

Досега во изминатиот период реализирани се работилници со млдите со цел да се зајакнат учествата на младите во меѓуетничките дијалози во заедницата и улилиштето.Овој проект овозможува да се реализираат хуманите идеи.

Денешниот настан во Кавадарци беше и хуманитарен, со порака: Не сме сите створени да правиме големи дела, но створени сме да правиме дела со многу голема љубов, рече Валентина Мукаетова училушен психолог.

-Овој сеопфатен процец во соработка со Министерствито за образование и наука,и подршката на Усаид, ни овозможува како училиште да спроведуваме активности со аучениците преку интеракција и соработка- рече директорот на училиштето Горан Велковски .Учениците и наставниците покажаа најмногу.

Професорот по Македонски јазик и литература Влатко Тасев кој го подготви со учениците драмскиот порформанс рече :

„Би сакал да искажам благодарност што ни се даде можност, од оваа сцена, да упатиме една порака до вас, искажана на еден креативен и топол начин, преку една изведба на претставници од највредниот дел на нашето општество – децата.

Сите ќе се сложиме дека најубавиот дел од животот е младоста, а тоа се годините што ги имаат овие млади луѓе... Ние наставниците, имаме чест, но и одговорност да ги градиме нивните личности низ воспитно – образовниот процес во кој сме вклучени.

Иднината за миг станува сегашност и бргу поминува во минато. Она што некогаш за нас беше иднина сега е наше минато.

Релативноста и поминливоста не плаши сите, но се бориме со сите сили против рамнодушноста и апатијата, против омразата и насилството, дискриминацијата и нетолерантноста... се трудиме да ги избегнеме пороците и да оставиме трага во времето за нашето постоење.

Иднината на нашето општество зависи од младите луѓе, но и од нас, возрасните кои треба да им го осветлиме патот и да ги поведеме во вистинската насока.„

На денешниот настан салата на Домот на културата беше преполна со ученици, што значи постигната е хуманитарната функција на истиот.

666555555.jpg

888.jpg

999.jpg777.jpg

61384182_698907917246209_5074919690367664128_n_1.png