МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА СО ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЕУРО НИКЕЛ ИНДУСТРИ

На 28 мај.2019 година во организација на Црвен крст Општинска организација Кавадарци и екипа од Институтот за трансфузиона медиција од Скопје ,беше спроведена успешна крводарителска акција во компанијата ЕУРО НИКЕЛ индустри во која акција даруваа крв 53 доброволни крводарители.Во организација на менаџерскиот тим на компанијата, со еден хуман пристап кон вработените и екипата за дарување на крв, акцијата помина во најдобар ред,Оваа акција од година во година станува се помасовна благодарение на добрата соработка на Општинската организација на Црвен крст Кавадарци, крводарителите и одговорните лица за крводарување во компанијата.