МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општината Кавадарци реализираше уште една фаза од реализацијата на капитални сообраќајно-комунални проекти.Беше извршено проширување на делница од транзитната улица „Западен булевар“.

Ангажираната фирма изврши асфалтирање на целосно новата делница во должина од 1 километар во правец на Росоман. На терен работеа две машини асфалтерки и тоа паралелно со што работата која беше предвидено да трае два, целосно и квалитетно се заврши за еден ден.Со овој зафат, северниот влез во Кавадарци се осовремени и продолжи од „Новата бензинска“ кон Росоман. Новата коловозна лента и тротоарите се со вкупна широчина од 16 метри, од кои коловозна лента со широчина од 12 метри, како и тротоари од двете страни на улицата секој со широчина од 2 метри.Проектот опфаќа и комплетно нова сообраќајна и светлосна инфраструктура, со што Кавадраци доби нова современа сообраќајница на влезот од северната страна од и кон автопатот Е75 од коридорот 10 кон Грција и Србија.

61933847_2428145454076168_6062774280255438848_n.jpg

61648732_2428145444076169_5767508764852748288_n.jpg