Оштината преку оперативата на „Мулти градба“ од Кавадарци реализира нов комунален проект.Се работи за улицата „Февруарски поход“ каде е изграден потпорен ѕид од бетонски цигли со намена за стабилизација на земјиштето и проширување на јавно прометната површина од улицата и просторот над ѕидот за влез во куќите.Проектот се рализира на барање на граѓаните, а со неговата реализација општината реши уште еден проблем кој се провлекува низа години.