МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од 7 до 9 октомври по повод 12 години меѓународна соработка , во посета на Општинската Организација на Црвен Крст- Кавадарци престојуваа околу 50 лица претставници,членови,волонтери и крводарители на ОО ЦК од Ковин

За време на посетата беа организирани повеќе настани:заедничко дружење на околу 160 лица,домаќини и гости,волонтери и членови на Црвениот Крст во ресторанот „Јасмин“,каде присуствуваше и Претседателот на Црвен Крст на РМ д-р Милчо Трајков .Се одржа работилница по повод 18 октомври-Европски ден за спречување на трговијата со луѓе од страна на ПХВ волонтерите и членови на Клубот на млади на двете општински организации на кој присуствуваа околу 40 млади волонтери.

Исто така пред околу стотина присутни,домаќини и гости,во холот на ООУ "Гоце Делчев" беше изведена драмската претстава "Приказна за една идеја".

Голема благодарност до сите крводарители,членови и сите поддржувачи на ООЦК Кавадарци со чија помош оваа соработка трае полни 12 години.