МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Претставени се 41 пано со 190 фотографии и плакати од научно - истражувачки проекти во периодот од 1986 до 2016 година.

На отварањето на изложбата говореше Весна Ѓорѓиева, виш кустос историчар на уметност и археолог и директор на Музеј Галеријата во Кавадарци воедно која е и една од авторите на изложбата. Носители на истата се Трајче Цветков кустос историчар на уметност и археолог и Раде Атанасов кустос археолог.Инаку на самото преставување на јавноста на досегашните работи во рамкте на археолошките истражувања зборуваше д-р Миле Велчовски, кустос советник конзерватор од НКЦ Скопје.

Треба да се каже дека ова област(Тиквешката) спаѓа во редот на регионите во државата со голем број археолошки локалитети од најраните епохи на цивилизацијата па се до денес. Тиквешката котлина е богатата и разновидна археолошка содржина сите изминати периоди. Во во текот на 19 век во тиквешката и кавадаречката област има зголемена посета на голем број транзитни патници од европската и светската јавност. Научната јавност низ целиот 20 век се интересира и ги студира старините околу кавадаречко. На почетокот скромно со посетите на значајните претежно странски патеписци и истражувачи: В. Радовановиќ, Еромонахот Јосиф, Хојзи, Р. Егер, Б. Филов, Н. Вулиќ и други учени за да подоцна во втората половина на 20 и почетокот на 21 век да се појават постудиозни истражувања статии и студии, од страна на афирмирани доктори и универзитетски професори како: И. Микулчиќ, А. Ќерамитчиев, К. Петров, Д. Коцо, Ф. Папазоглу, В. Б. Грозданова, Б. Алексова, Е. Петрова, Ж. Винчиќ, В. Лилчиќ, Е. Димитрова, С. Филипова и многу други авторитети од нашата држава и надвор од неа.

Првичните интервенции за археолошките локалитети во кавадаречко се површинските истражувања, рекогносцирања на терените, делумни сондирања во скромен обем како Проекти на Филозофски факултет и Институтот за историја на уметност и археологија - Скопје, некогашниот Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата – Скопје – денешен НКЦ (Национален конзерваторски центар) и др.

Со формирање на М-Г во Кавадарци 1976 додина долг период беше сведено на фаза на рекогносцирање на археолошките локалитети и откривање на нови со што археолошката карта на Кавадарци се збогати со над 200 археолошки локалитети од различен временски период од кои најзначајни се: неолитската населба на лок. Чаковец – с. Ресава; Тиквеш – Градот, с. Ресава и Еударист, с. Дреново (антички и средновековени градови); лок. Градиште, н. Глишиќ (антички град); Белград, Кавадарци (антички град со некропола); локалитет Викало с. Молклиште (античко и средновековно градче); црква Св. Богородица, с. Дреново, (ранохристијанска и средновековна црква); Вршник, с. Манастирец, селата Крњево и Г. Бошава (ранохристијански базилики) и др.

Во соработка на РЗЗСК, (НКЦ)-Скопје, Филозовски Факултет – Скопје – катедра за археологија, изведени се и првите археолошки сондажни и заштитни ископувања1981 год. на Полошкиот Манастир, раководител Ж. Винчиќ; 1986 год. на лок. Чаковец с. Ресава под раководство на В. Санев; 2003 - 2005 год. на лок. Градиште с. Дреново и др. Раководители В. Б. Грозданова и В. Лилчиќ. Од 1999 год Музеј галерија од Кавадарци врз основа на Проекти финансирани од страна на Министерство за култура – Скопје и Локална самоуправа – Кавадарци започна со вршење на археолошки сондажни, заштитни, а од 2006 год и систематски археолошки ископувања на значајни археолошки локалитети во општината и тоа: “Танко Патче“ – Кавадарци 1999 год.; “Белград“ – Кавадарци 2000 и 2001 год.; “Пешково Ридче“, с. Ресава 2000 - 2002 и 2006 год.; “Моклишко Кале“ – Моклиште, 2008 год.; “Градиште“ с. Дреново 2007 – 2009 год. во соработка на д-р проф. В. Лилчиќ како консултант на истите и “Кртозов рид“ с. Дреново од 2009 – 2016 со исклучок на 2015 год.

Раководител на ископувањата т. е. на научно – истражувачките проекти е виш кустос, археолог Весна Ѓорѓиева од Музеј галерија Кавадарци со стручен тим - археолози и историчари од истата институција: Петре Камчевски, Трајче Јанев, Васил Кимов, Илија Падиков, Трајче Цветков и Раде Атанасов; од Музеј на град Неготино: Костадинка Филипова и Петар Ризов; геометри и геодети од Кавадарци: Марјан Делов, Донка Гурева, Стефанија Петреска и Стојан Орешков; студенти при катедрата за археологија на Филозофскиот Факултет, “Кирил и Методи“ – Скопје; ученици од гимназијата Добри Даскалов од нашиот град и други.

20190626_132634.jpg17156.PNG