МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 1 јули се одбележаа 18 години од загинувањето на војникот Блашко Толев од селото Марена.

Роднини и пријатели, делегации од локалната самоуправа, Сојузот на борци и жители на селото положија свежо цвеќе на спомен бистата во Марена.Денеска пред неговиот споменик во село Марена за Блашко Толев зборуваа Сања Крстиќ, советничката Виолета Димитрова,престедателот на МЗ и советник Митко Камчев ,кои положија свежо цвеќе. Цвеќиња набистата положија и неговите најблиски од семејтвото, МЗ Марена, Советот на Општина Кавадарци преставуван со претседателот Ристо Сакалиев, Општина Кавадарци и ПС од ОН Кавадарци претставувана од командирот Сашко Димовски ,делегација на ОО на СДСМ.Блашко Толев е роден на 30 март 1981 година во Кавадарци. Завршува само осмо одделение. Во октомври 2000 година заминува да го изврши долгот и го одслужи воениот рок во АРМ прво во Битола, а потоа во Штип.2001 година, тој учествува во борбите во Тетовско и Кумановско.Не користеше редовно отсуство, очекувајќи порано да се врати дома. На 29 јули 2001 година, бил кај командантите и побарал да го пуштат, бидејќи рокот си го ослужил. Му рекле дека треба да остане до вторникот, додека да дојде смената од нови војници. Блашко не го дочека вторникот . Тој загинува на 1 јули 2001 година на Тетовското Кале во минофрлачки напад.Толев беше прва жртва од овој крај во конфликтот од 2001 година. Толев, како припадник на редовниот состав на Армијата на Република Македонија.Тој го жртвува својот живот за одбраната на Македонија. Редовно овие години се чествува споменот за него.