МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Средбите на Градоначалникот Митко Јанчев со граѓаните и дискусиите околу тековните и планираните проекти се многу чести и се од големо значење за работата на општината и нејзината транспарентност.

Вчера/четврток/ имаше приемен ден на жители на Општина Кавадарци кои сакаат да посочат проблем или се најде решение. Градоначалникот заедно со службите од локалната самоуправа и ЈП Комуналец се сретнаа со 110 жители на Општина Кавадарци.