МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарци се подготвува за дочекот на новата година. Централното градско подрачје е во новогодишен амбиент.Сите на Плоштадот за Нова година

Општината годинава за прв пат постави новогодишни светилки покрај во Кавадарци и во центарот на селото Ваташа. Годинава за прослава на новогодишните празници се издвоени 803.527 денари.

Според програмата, предновогодишното одбележување ќе започне на 26 декември кога градоначалникот Митко Јанчев и Дедо Мраз ќе им поделат новогодишни пакетчиња на децата од прво до петто одделение во основните училишта „Тошо Велков-Пепето“ и „Гоце Делчев“. На 27 декември за учениците од училиштата „Страшо Пинџур“ и„Тоде Хаџи-Тефов“, а на 28 декември пакетчиња ќе добијат и децата од училиштата „Димката Ангелов-Габерот“ с.Вататша и од Кавадарци. Новогодишни пакетчиња општината обезбедии за децата од социјално загрозените семејства кои не посетуваат настава, децата од специјалната паралелка, децата кои се на болничко лекување, здружението на слепи лица и други загрозени семејства.

За најмладите во Домот на културата предвидена е и новогодишна детска претстава во изведба на актерите од кавадаречкиот театар за која годинава влезот ќе биде бесплатен.

Локалната самоуправа годинава на градскиот плоштад подготвува дочек на Ниовата 2018 година. Сите кои ќе се решат најлудата ноќ од годината да ја поминат на градскиот плоштад, ќе можат да уживаат во настапите на кавадаречките музичари, групи и диџеи. Програмата ќе ја води кавадараречкиот актер Диме Коцевски а во музичкиот дел напрограмата ќе настапт домашните: Александра Михова, DJ Face, и рок составите Трилоџи, Лексикон и Бадасал.

Во новогодишаната програма е вклучен и традиционалниот божичен концерт на основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ кој ќе се оддржи на 8 јануари.