МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во рамките на сеопштите напори за заштита од пожари и вклученоста на сите фактори ,Дирекцијата за заштита и спасување не информира за одвивањето на Кампањата за заштита на шумите од пожари.

„Согласно Планот за Заштита и Спасување на Дирекцијата за Заштита и Спасување на Република Северна Македонија, во периодот од 15 Јули до 15 Август на територијата на цела држава ќе се одвива кампања за заштита на шумите од пожари.

Главната цел на кампањата е едукација на населението се со цел намалување на заканите од појавата на пожари.

Во рамкте на кампањата во организација на Подрачното Одделение на Дирекцијата за Заштита и Спасување од Кавадарци на ден 26.07.2019 година ( Петок ) во 10:30 часот на влезот од градскиот Пазар и Плоштадот ќе има поставено едукативен штанд, каде ќе се дели едукативен прирачник за намалување на заканите од пожари од страна на вработените во подрачното одделение и Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џаферовски.

Исто така, во рамки на кампањата ќе бидат вклучени и Противпожарната Станица на град Кавадарци, Подрачното Одделение на ЈП Национални Шуми „БОР“ Кавадарци, Полициска Станица од Општа Надлежност Кавадарци

Кампањата ќе вклучува делење на прирачникот за намалување на заканите од пожари, како и поставување на едукативни постери со чекори за заштита во случај на шумски пожари, на централни локации во Општина Кавадарци, на влезовите од парковите, по излетничките места како и на одредени делови во шумите, каде дирекно ќе бидат вклучени и вработените во Јавното Претпријатие Национални Шуми, подрачно одделение „БОР“, Кавадарци“ - се вели ви известувањето на Подрачно Одделение на Дирекцијата за Заштита и Спасување Кавадарци.