МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Средствата во висина меѓу 3.000 и 5.000 евра за дочек на Нова година Општинма Кавадарци ке ги намени за хуманитарни цели

„И општина Кавадарци ке го следи трендот на Балканот, средствата наменети за прослава на Нова година да ги намени за хуманитарни цели“ ова вчера на новинарите им го соопшти градоначалникот на Општината Александар Панов.Општината за гостувањето на Ристо Самарџиев и настапот на Тајфата на Димо Дулот, огнометот и други трошоци за новогодишната ноќ требаше да потроши меѓу 3 и 5 илјади евра.На наредната седница Советот на Општината треба да одлучи за која хуманитарна намена ке бидат насочени ови средства.Градоначалникот Панов размислува и новогодишниот коктел во Собранието да не се одржи,со пренамена на средства од ова намена за хумани цели.

Останува сепак на Градскиот плоштад во Кавадарци да се одржат традиционалниот „Базар„ ,културно забавната програма која ја прават децата од сите училишта,настапите на учесниците на Фестивалот „Гроздоберче “, детските претстави и слични манифестации со што нема да исчезене духот на прославата за Нова година.

(Видео изјава)