МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Објектот на Подрачното основно училиште „Димката Ангелов-Габерот“ во селото Сопот доби нов покрив. Согласно програмата за комунална изградба Општина Кавадарци инвестираше 1.135.000 денари за обнова на кровната конструкција. Покрај замената на старатa ќерамида, обнова на сачак и олуците, се постави камена волна на таванот за топлотна и звучна изолација. Изведувач на работите беше фирмата „Евроградба инженеринг“ ДООЕЛ с.Владиевци Василево.Со реализацијата на овој проект општината во целост ги подобри условите за работа, учење и престој на учениците во ова училиште.

67279690_2469934463230600_8958775164925902848_n.jpg