МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Директорката на општинското основно училиште „Тошо Велков - Пепето“ од Кавадарци, Ѓурѓица Алексовска денеска ја прими наградата за најчисто и најбезбедно училиште во Македонија која ја доделува министерството за образование и наука заедно со ОБСЕ.

„Министерството за образование и наука веќе трета година по ред го реализира овој натпревар. Тоа е мотив сите училишта да станат почисти и побезбедни и секоја наредна година да имаме повеќе кандидати", изјави министерот за образование и наука, Пиштар Љутвиу.

МОН и Мисијата на ОБСЕ овој конкурс го реализаат трета година по ред. На натпреварот конкурираа 15 училишта од кои 10 основни и 5 средни. Првонаградените основно и средно училиште добија смарт табла која ќе биде обезбедена од Министерството за образование и наука, додека наградите за второто и третото место ќе бидат обезбедени од страна на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На овогодинешниот натпревар првото место покрај основно училиште „Тошо Велков Пепето“ го доби и скопското средно електротехничко училиште „Михајло Пупин“.