Во соработка со ЈОУГД „Рада Поцева“ во објектот „Бубамара“ денес се реализира донација од страна на Музеј-галеријата Кавадарци.
Таа се состои од креативни надгледни средства со мотиви од традицијата на нашиот предел (лозја, обработка на лозја, берење на грозје, варење ракија и сл.). Овие експонати кои се сопственост на Музеј галеријата беа подарени на свеченото отварање на новиот Музеј на традицинална тиквешка храна на 09 мај 2013 година. Тие се моделирани со фондан од вештите раце на Славица Кузманова претставник и учесник на Вешта жена од Кавадарци за што и благодариме. Креациите имаат за цел натамошно претставување и запознавање на најмладите од оваа установа со традицијата од нашиот предел. Подарените прекрасни изработки ги воодушевија присутните, а посебно најмладите.Присутни на овој настан беа дечињата од средните и големите групи придружувани од одговорните воспитувачи и негователи. Директорите на институциите Весна Ѓорѓиева и Цана Добринова го извршија примопредавањето на надгледните помагала во присуство на педагогот Билјана Ристова, дефектологот Верица Касапинова и претставници од Музеј галерија етнолог Томе Крстевски и сметководител Сијка Лазова.