Вечерва во Домот на културата, свечено беа пуштени во употреба реновираната сцена во салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци и помошните простории во истата.
Се работи за целосно заокружување на реконструкцијата на ова институција од културата која перманентно и со право е лидер на културата не само во Кавадарци туку и во земјата.Средствата што Локалната самоуправа ги вложува целосно се оправдуваат со програма;фолклор,театар,изложби,музички настани,детски престави,перформанси,сценски гостувања на ансамбли од земјата и странство и друго.Вечерва на чинот на пуштањето на новата сцена и помошните простории му претходеше отварањето на ликовната изложба на Селвер Кардовиќ кој пред кавадарчани се престави со повеќе негови дела.Ова е негова трета самостојна изложба.Отворањето беше вовед во целовечерно претставување на културата на општина Рожаје од Црна Гора. На новата сцена на големата сала на Домот на културата настапија членовите на Фолклорниот ансамбл„Тиквеш„а потоа и КУД “Врело Ибра“, Етно групата “Тефериџ“, Хорот “Илхам“ и Танцовата група “Пахуље“. Кај публиката настапот на домашните и гостите од Црна Гора предивикаа воодушевување кое беше наградено со аплауз.На отварањето на новите простории присуствуваа и градоначалникот Александар Панов,претседателот на Советот Горица Пеливанова-Вилхелм,и пратеничката Весна Пемова.Заблагодарувајќи им се на разбирањето за потребата од вложување на средства во новата сцена директорот Владимир Темков,нагласи дека ова раководство имало сенс да ја помогне ова институција а со тоа да ја подигне културата кај нас на едно завидно ниво што, верува го оправдува.Панов пак се осврна на состојбата на институциите од културата кај нас .Сите се во одлична состојба што се однесува до условите за работа кои соодветсвуваат на потребите, вложувањата во нив се оправдани, и верува дека во иднина тоа ке го чинат.Недно општинско раководство досега не вложило толку пари и внимание како актуелното, што е вистина која е факт.Затоа актуелната власт со право се гордее на она што е сторено во инстуциите од културата, посебно во Домот на културата.