МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Новиот кеј-шеталиште во селото Ваташа го добива својот проектиран изглед. Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци, деновиве работи на обновување на оштетените делови од „шкарпата“ на големото корито на локацијата меѓу амбулантата во селото и фудбалското игралиште на ФК „Габер“.Овој капитален проект на Општина Кавадарци досега е реализиран во голем процент. На проектот „Кеј шеталиште“ во Ваташа досега е бетонирано минорното корито, со потребните каскадии се оформени контурите. Поставена е нисконапонска линија со канделабри од јавното улично осветлување, како и пешачкитемостови.Со реализацијата на овој проект општината ќе урбанизира и ќе уреди уште еден дел од коритото на реката „Луда Мара“ на потегот одпаркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат во вкупна должина од 770 должни метри.За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.

68486690_2476514445905935_7319113658137575424_n.jpg67946868_2476514589239254_4989234723445276672_n.jpg67868066_2476514482572598_233332662519988224_n.jpg