МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОО на СДСМ Кавадарци денеска реагираше на вчерашната реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.Писмено , со соопштение се обрати до нашата информативна куќа.

„Почитувани Господа од ДПМНЕ!

Децениско водење на политиките на поделби на Ваши и Наши, Патриоти и Предавници заврши со доаѓањето на Социјалдемократскиот Сојуз.

Оваа Влада на чело со Премиерот Зоран Заев не прави поделби од типот, Вмаровски или Сдсмовски градоначалници. Оваа Влада ги препознава сите оние градоначалници кои сакаат да работат. Сите оние градоначалници кои сакаат да бидат ставени во функција на граѓаните, оваа Влада на чело со премиерот Зоран Заев секогаш во целост ќе ги подржува проектите кои се од добробит на граѓаните.

Оваа Влада го препозна господинот Јанчев како успешен градоначалник, човек кој цврсто застана зад евроинтегративниот процес на државата, и покрај целиот притисок и личен атак кој што тој лично го имаше од страна на раководните структури на ДПМНЕ, а најмногу од страна на претседателот Христијан Мицковски.

Затоа одлучете се: Дали сте со вашиот сограѓанин господинот Јанчев, Човек кој во целост се посвети да ги спречи поделбите на граѓаните на сдсмовци и вмаровци и со тоа да направи општествена кохезија помеѓу кавадарчани, нешто со кое што со гордост може да се пофали Кавадарци, или сте со вашиот лидер Христијан Мицковски, кој секојдневно се труди да ги подели граѓаните по сите основи?

Господа од ДПМНЕ, престанете да ја манипулирате јавноста!

За големата подршка на Владата на Социјалдемократскиот Сојуз за општина Кавадарци, зборува и самиот градоначалник, господинот Јанчев во интервју за порталот civil.mk, на конкретно поставено прашање:

- ЦИВИЛ Медија: Каква е релацијата на општина Кавадарци, со централната власт?

На што следи одговорот од страна на господинот Митко Јанчев, со кој што се побиваат сите ваши обиди за манипулирање на јавноста и замајување на граѓаните.

- Цитат на Митко Јанчев: “Сите стратешки проекти, коишто беа во мојата изборна програма, се поддржани од Владата. Се работи за неколку постратешки проекти како влезот во Кавадарци, Западен Булевар, изградба на мост во селото Ваташа, реконструкција на повеќе патишта, и во делот на предучилишна заштита, каде што добивме грант од 850.000 евра за комплетна изградба на нова градинка преку Министерството за труд и социјална политика“.

Господа од ДПМНЕ, има разлика!

Наместо споменици и садење на врби, Владата на Социјалдемократскиот Сојуз секојдневно е на терен и со граѓаните. Секојдневно се градат патишта како никогаш до сега! Секојдневно се градат улици како никогаш до сега! Секојдневно се градаат домови за деца и детски градинки како никогаш до сега!

Тоа што ветивме на граѓаните, тоа и го остваруваме!

Зборот Важи!„- се вели во соопштението упатно до Регионаната ТВ куќа Кавадарци.