ДЕЛАТА ОД КОЛОНИЈАТА ИЗЛОЖЕНИ ВО ГАЛЕРИЈАТА ПРИ ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „ИВАН МАЗОВ КЛИМЕ„
Во услови на пандемија, во скратен формат, во просторот кој го овозможува Домот на културата „Иван Мазов Климе“ но традицијата сепак продолжи.Според сите здравствени пандемиски протоколи една од најголемите и најквалитетните меѓународни ликовни колонии „Кавадарци - Михајлово“ сепак се одржа.
Во редуциран формат и со намален фонд на учесници но сепак се одржа.Поради пандемијата на колонијата учество зедоа петнаесеттина ликовни уметници, дел со физичко присуство на самата колонија а дел од нив твореа во своите атељеа и делата ги презентираа он-лајн. Оние кои беа физички присутни на колонијата своите дела ги изложија на заедничката изложба во галеријата при домот на културата а потоа сите заедно се дружеа со кавадарчки рок бендови. Инаку колонијата на која годинава беа изработени околу 50-тина дела, беше поддржана од Локалната самоуправа на Општина Кавадарци и Министерството за култура .
м.в.