Кавадарци денеска одбележува 100 годишнина од раѓањето на една од најзначајните личности од поновата историја на целиот Тиквешки крај, Димката Габерот.
По тој повод, бројни делегации положија свежо цвеќе пред неговата спомен биста, во “Паркот на слободата и Револуцијата”.
-Неговото име е толку длабоко врежано во свеста и паметењето на луѓето од овој крај, што тој прерасна во вистинска легендарна личност. Со ова му оддаваме почит на еден од великаните na Народноослободителната борба и револуционерното движење во Тиквешијата од 1941 до 1945 година, нагласи Петре Камчевски, директор на кавадаречкиот музеј.
Вечерва со почеток во 19 часот, ќе се одржи свечена академија со пригодна културна уметничка програма.