МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Деновиве од печат излезе новата книга на Милка Минкова -поет и писател од Кавадарци, со наслов „Плетенка од праменчиња„.Промоција наскоро.

Се работи за книга издадена од Издавачката куќа „Дата Песнопој„ од Битола .Ова е детска поезија која Минкова знае вешто да ја склопи и се приближи до детските срца, заради што сметаме ќе биде прифатена од најмладата читателска публика.Промоциата ке биде наскоро во Библиотеката „Феткин„.

Инаку на Конкурсот за возразни на ова издавачка куќа, Милка Минкова за делото „Крпац„ ја освои втора награда.Истата е сместена во едицијата „ Книжевни меридијани„.

Минкова е плоден писател , поет и басниписец од Кавадарци, за која публиката малку знае, пред се поради нејзината скромност.

Деновиве таа беше меѓу старитр и изнемоштени лица во Неготино каде на постарите им читаше од својата поезија, а воедно подари и примероци од новата книга.

71592970_523005935167824_5951127717792448512_n.jpg71872945_456028901667431_3266165106387451904_n.jpg Видено од Milka Minkova во 14:07