МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 08.10.2019 година во просториите на Музејот во Демир Капија беше отворена изложба под наслов (НЕ) Заборав од Авторот ЕмилДимоски од Прилеп.На изложбата беа претставени вкупно 35 дела макети на куќи од традиционалната Македонска архитектура и слики со приказ на куќи и црковни храмови.

Изложбата беше отворена во присуство на учениците од основното училиште Димче Ангелов Габерот и бројни посетители. За изложбата зборуваше директорката на Домот на културата Ордана Николова, авторот Емил Димоски и организаторот на изложбата Цветанка Тодоровска Митрева кои во своето излагање потенцираа дека овој проект се реализира како дел од програмата на Министерството за култура во делот за национални проекти за 2019 година. Емил Димски со своето творештво покрај автентичната идеја која ја реализира со висок естетски пристап ни подари сведоштво за минатото вградено во традиционална архитектура со изразена посебност на македонизмот.

71791890_388588768683384_5284345014434922496_n.jpg71750240_388589355349992_7969306753961558016_n.jpg71768609_388589118683349_3189591903993593856_n.jpg72866970_388588615350066_7911747453391470592_n.jpg71768609_388589118683349_3189591903993593856_n.jpg