МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Покрај лозарството Кавадарци како земјоделски град произведувал многу квалитетен афион, афионско семе и бездруго најквалитетен афионски катран не само во Македонија туку и пошитоко на Балканот. На фотографијата работници во дворот на семејството Маневи го чистат катранот од лисја, шлупки од афионските чушки и го подготвуваат за продавање. Во периодот помеѓу двете светски војни од еден декар се набирале од 1 ди 1,5 кгр катран а цената според квалитетот била од 1 до 1,6 лири за килограм. Со семето се покривале трошковите за производство, а катранот бил чиста заработувачка. Концесионерот Јохан Цајзет од Германија на имотот во Криволак произведувал од 2 до 3000 килограми афионски катран.

П.Кaмчевски