МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во реакцијата опозиционата ВМРО-ДПМНЕ регира на пресот на ОО на СДСМ.

Просветните работници наместо 25 ке земат само 10 % поголеми плати

интегрален текст

„Жртви на оваа ненародно владеење од СДСМ и Заев овој пат се просветните работници.

СДСМ и Заев во 2016 година ветува дека платите на наставниците нема да бидат помали од просечната плата во Република Македонија. СДСМ и Заев се што ветија, се излажаа.

Наместо според колективниот договор, просветните работници да земат 25 проценти покачување, сега ќе земат само 10 проценти, што е уште една лага и манипулација од власта на СДСМ.

Зошто сега се отфрлаат тие 25 проценти и се прифаќаат сукцесивно само првично по 10 проценти зголемување треба да одговори власта која што е во заминување?

Оваа коруптивна, криминална и рекетарска влада предизвика крах во секој дел од општеството. Наместо да води грижа за граѓаните, за нивните проблеми и интереси, единствено води грижа за некој марихуана бизнис, рекетирање на бизнисмени и политички реваншизам.

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била против покачување на платите кое што треба да се прави врз основа на здрава и развиена економија. ВМРО-ДПМНЕ ветува дека даде максимумот за да им се помогне на работниците затоа што тие заслужуваат многу повеќе.

Лагите на СДСМ одамна се прочитани, граѓаните повеќе не им веруваат.Затоа Зоран Заев мора да си оди што побрзо тоа подобро за граѓаните и државата. Набрзо доаѓа обнова на Македонија, а со тоа вистинска грижа за проблемите на граѓаните.

Со почит, ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци“