МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Културните збиднувања во Општинава продолжуваат

Концерт на флејта и пијано синоќа во Кавадарци одржаа музичките уметници Силвана Чулева-Атанасова и Емилија Кабранова-Филипова, инаку професорки во Основните музичко балетски училишта од Кавадарци и Неготино.

​-Вечерашниов настан и оние што следуваат, се показател дека културните збиднувања во градот продолжуваат и понатаму со несмалено темпо и покрај затворањето на манифестацијата “Кавадаречка културна есен”, во чии рамки за шеесетина дена имавме седумдесетина културни активности, рече во своето обраќање пред присутните Владимир Темков, директор на кавадаречкиот културен дом “Иван Мазов Климе”.

​Тој рече дека двете професорки редовно приредуваат пријатни изненадувања од областа на музиката, за културната јавност од Кавадарци и пошироко. Имаат освоено бројни награди.