МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со концерт на Градски оркестар Скопје во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, свечено беше затворено годинашното издание на традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен“.Манифестацијата годинава донесе над триесетина културни и уметнички настани: концерти на етно и класична музика, ликовни изложби, филмски проекции, промоции на книги, работилници за драмска, фолклорна и фото дејност, фолклорен фестивал . Во рамките на манифестацијата се одржа и „Месец на театарот“ во чии рамки се одиграа гостувачки претстави, претстави од редовниот репертоар на кавадаречкиот Театар при Домот на културата, како и премиера на детска театарска претстава. „Месецот на театарот“ е посветен на 90 години од првата одиграна официјална театарска претстава во Кавадарци.Манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2019“ беше отворена на 15 октомври 2019.

Културните случувања кај нас продолжуваат со „Кавадаречка културна зема.На затварањето синоќа говореше Јулијана Туриманџова-директорка на Домот на културата Кавадарци.