Тажни се деновите кога губиме некој што го сакаме, но уште потажни се деновите кога земскиот свет го напушта некој кој бил секогаш со нас во сите моменти кои животот го прават едно необично патување. Ѓорѓи Велков - Струјата, пионерот на модерното кавадаречко угостителство, човекот кој на светот му ја даде целата топлина на кавадаречкото гостопримство, му ги откри вкусовите на традиционалното тиквешки специјалитети, и се радуваше со нас на сите наши животни победи, по кратко боледување почина денес, 21 август 2020 година. Погребот ќе се оддржи утре, 22 август, на Градските гробишта во Кавадарци во 12 часот.