Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе ја заврши годината со бројни настани во новогодишна атмосфера.

Вечер, петок, 20 декември 2019, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Премиерно ќе ја изведе новогодишната детска претстава “Кој е вистинскиот Дедо Мраз?“ по текст и режија на Микица Илова. Играат: Смиља Бошкова, Розе Милкова, Стефанија Јованова, Сашко Орешков, Стојанче Ванѓелов, Валерија Пашова, Јована Секуловска, Александар Стојанов, Мартин Гогов, Антонија Тасева, Микица Илова, Александар Малинков, Диме Коцевски и Диме Боцев.

Новогодишната претстава на организирано ќе ја гледаат сите ученици од нижите одделенија на кавадаречките основни училишта во пладневните термини од 23 до 27 декември.

Во сабота, на 21 декември 2019 Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ ќе ја одигра претставата “Од кол на кол“ во режија на Диме Коцевски.

Во понеделник, на 23 декември 2019, од 19 часот на репертоарот повторно е новогодишната претстава “Кој е вистинскиот Дедо Мраз?

Во вторник, на 24 декември 2019, од 17.30 часот е новогодишниот концерт на фестивалот за детски песни “Ластарчиња“, а истата вечер од 19 часот е новогодишниот концерт на балетското студио “Старс“.

Во среда, на 25 декември 2019, од 18 и 20 часот се новогодишните концерти на Студиото за модерен балет “Венус“.

Во сабота на 28 декември 2019, од 19 часот ќе се оддржи промоција на книгата монодрами од Лазар Каров.

Во понеделник на 30 декември 2019, од 19 часот во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена Годдишна изложба на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК).