МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ниеден доброволец,навивач или волонтер денеска - среда 19 јули не дојде на закажаната акција за средување на источната јужната и северната трибина на Градскиот стадион.

Иако беше закажана пред неколку дена, нашата екипа која дојде на Стадионот во утринските часови, на акцијата на Стадинот ,освен постојано присутниот домаќин Илија, не затекна никој друг.Тој рече утринава на акцијата дошол само еден млад човек кој си заминал.Можеби акцијата била одложена, но до нас таква исправка до нас не пристигна.

Да потсетиме планирано беше, според најавите на Градскиот стадион во Кавадарци на ГФК“Тиквеш 1930“ , во соработка со навивачката група Лозари Исток ,ЈП „Комуналец“ , и Општина Кавадарци,да се организира волонтерска доброволна акција за чистење и средување на Источната ,јужната и дел од северната трибина на градскиот стадион .Акцијата ја поздравуваме, и за неа благовремено информиравме, но очигледн нема акција, само ветувања.

Неофицијално дознаваме дека денеска попладне ГФК Тиквеш 1930 ќе се сретне во пријателска средба со ФК Габер-инаку од ова сезона член на Третата фудбалска лига.На ова пријателска средба, која ке биде деби за новиот тренер на клубот ,ке го видиме костурот на новиот тим на Второлигашот Тиквеш 1930.