МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст

„СДСМ и Венко Филипче продолжуваат со лаги и манипулации кон граѓаните.Од предизборните ветувања дадени во 2016 година СДСМ не реализира ништо за подобрување на здравството во Република Македонија.Се фалат со покачување на плати а реално нема покачување. Наместо 100.000 денари плата за лекарите специјалисти, лекарите не добија ни приближно од ветеното.Наместо реално покачување на платите на сите здравствени работници, гледаме како СДСМ ги деградира здравствените работници, заборавајќи го административниот персонал во здравствените установи.Во време на очај и борба за власт Заев и Филипче фрлаат ронки на здравствените работници.СДСМ и Венко Филипче го клекнаа на колена македонскиот здравствен систем во Република Македонија.На 12 април доаѓа Обнова на Македонија и вистинска грижа за здравствените работници.„