На турнирот учествуваат три кошаркарски екипи

Претседателката на Советот на Општина Кавадарци Горица Пеливанова -Вилхелм го отвори годинашниот кошакарски меморијален турнир, посветен на сестрите Китеви кои трагично загинаа 1983 година.Пеливанова играла заедно со нив кошарка.Во емитивната порака не потсети на сестрите Китеви од тоа време, а истовремено порача младите да се занимаваат со спорт.

Во забавниот дел на програмата настапија младите членови на Зумба клубот од Неготино. Братот на сестрите, Антоанета и Бетка, пратеникот-Бетијан Китев на младите од Неготино им врачи пригодни подароци.

Инаку на годинашниот турнир во Кавадарци учествуваат екипите на Младост од Битола, КК Неготино од Неготино и домаќинот, тимот на Трокал.