МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст

„Почитувани сограѓани

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во здравството.

Во десетгодишното владеење, ВМРО-ДПМНЕ го обнови здравствениот систем така што го направи најлош во цела Европа.

За две и пол години покажавме како навистина се грижи за јавното здравство и за вработените во него.

За само две и пол години успеавме да ги зголемеме платите во здравство повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за период од десет години.

Ја зголемивме основна плата на: Лекарите специјалисти за 40%;Општите лекари за 25%;Mедицинските сестри за 20%;Здравствени соработници за 15%.

Дежурствата во работен ден и дежурствата за викенд и празник се зголемени два, односно до три пати, а од февруари ќе бидат четири односно пет пати.

Дежурствата кои што порано се плаќаа 2.500 денари, сега ќе се плаќаат помеѓу 8.000 и 10.000 денари.

Од февруари платата на лекарите специјалисти со дежурства, за прв пат ќе изнесува 100.000 денари.

Ова се фактите од кои бегање нема.

Политиките на СДСМ во здравството се на прав пат.

О.О СДСМ Кавадарци„