Десетина млади луге годинава на централната Богојавленска служба вио Кавадарци се натореваруваа , кој прв ќе го фати крстот. По трет пат од 2012 година наваму среќата му се насмеа на Александар Ристески од Прилеп кој го фати светиот крст годинава. СЕкој пат кога го фаќа господ му носи здравје и среќа, барем така тој денеска ни изјави.Од името на Градоначалникот Митко Јанчев и Општина Кавадарци телевизор на среќниот Александар му подари зам. градоначалникот Д-р Никола Трендафилов , Златар Перо -златник, а пригоден подарок и ЗЕГИН аптеки.Златар Перо додели златник и за среќниот фаќач на крстот во Втаташкото езеро
Традиционално на чинот на потопувањето на крсот му претходеше литургија и осветување на вода како и лицитирање на крст во двата храма во Кавадарци ;„Св. Димитрија“ и „Св. Петка Параскева„, потоа се одвиваа две паралелни литии (поворки) до Мостот на реката „Луда Мара„ каде пред многу народ се одржа завршниот чин на богојавленска служба и потопување и фаќање на крстот. Верниците го банкнуваа крстот и остваа пари за Александар.
Потопување на крстот и служби се одржаа и на Ваташкото езеро "Браната" и на другите води во Тиквешијата и Македонија а граѓаните цел ден можат да добиваат осветена богојавленска вода во црквите а можат да си наполнат и од осветените води каде ќе се одржаа водосвети...