Интрегрален текст:
„Почитувани претставници на медиумите
Почитувани сограѓани
Грижата за најмладите и детската заштита се правиот пат и остануваат главен приоритет на Владата предводена од СДСМ.
Се обезбедуваат квалитетни услови за правилен детски развој преку јакнење на знаењето и вештините на кадарот во градинките како и преку проширување на капацитетите на градинките.
За две години изградени се или во тек е изградба на скоро 70 градинки на територијата на целата држава.
Кавадарци беше една од општините каде што имавме голем недостиг на градинки за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.
За две и пол години Владата предводена од СДСМ во соработка со општина Кавадарци целосно го реши овој проблем.
За прв пат сите пријавени деца, се примени во детските градинки во општина Кавадарци.
Инвестиравме 1,4 ,милиони денари во целосно опремување и адаптација на детската градинка “Буба Мара”.
Со се зголеми капацитетот на сместување за 75 нови деца.
Покрај ова инвестиравме 2,6 милиони денари во доградба и опремување на детските градинки “Снежана” и “Детелинка”, со што го зголемивме дополнително капацитетот за сместување за 125 деца.
Инвестиравме 619.000 денари за отварање на нова детска градинка во с. Марена со капацитет од 23 деца.
Извршивме целосна реконструкција и опремување на простор за детска градинка во с. Возарци.
Село Возарци за прв пат доби своја детска градинка.
Исто така започната е изградба на нова детска градинка во Кавадарци. Инвестицијата е во вредност од 52 милиони денари, со која ќе се зголеми допонително сместувачкиот капацитет за 155 деца.
Вкупните инвестиции во изградба, реконструкција и опремување на детските градинки за период од само две и пол години изнесуваат 57 милиони денари.
Инвестиции на оваа Влада во унапредување на детската заштита се неспоредливо повеќе во однос на целиот период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Развојот и унапредување на системот на детска заштита за СДСМ останува и понатаму врвен приоритет.
Со ова покажуваме дека политиките на СДСМ се на прав пат.
Елена Данева
Секретар на О.О СДСМ Кавадарци„