МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Стартува изградбата на ПЕШАЧКО- ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА до Моклиште.

Ќе биде долга 4 км. со широчина од 4 метри.Инвеститор е Општина Кавадарци а средствата ги обезбедија :Платежната агенција од Фондот за рурален развој,Вардарски плански регион и Општина Кавадарци.Работите ги изведува компанијата " Ас машини".

На чинот на започнувањетио на градежнитре работи кои ке траат околу три месеци присуствуаа жители на Ваташа , како и градоначалникот на Општината Митко Јанчев-кој ја даде идејата и иницијативата за изградба на патеката, Министерт за земјоделие Трајан Димковски, Николче Бабовски- директор на Платежната агенција за земјоделие и рурален развој и Марко Колев од Вардарскиит нрегион

Велосипедска патека во општина Кавадарци, од мостот во с. Ваташа до Моклишка Воденица, е со инвестиција од 34.224.291. Патеката е поделена во 2 Фаза.Центарот ќе ја реализира Фаза 1 во висина од 17.161.307,58 денари. Патеката што ќе се изгради во Фаза 1 е со должина од 1.826 метри, а истата е со ширина од 4 метри.

84045810_3037882276255871_7159296434699763712_n