МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Tурнирот се одржува во рамките на Тиквешки гроздобер

Екипите на Младост од Битола, КК Неготино од Неготино и домаќинот, тимот на Трокал ќе се борат за шампионскиот наслов на годинашното издание на меморијалниот турнир „Сестри Китеви“ кој и годинава се оддржува во рамките на Тиквешкиот гроздобер.

Официјалното отворање на турнирот е закажано за 9 септември во 11 часот, во спортската сала „Јасмин“, по што веднаш ќе започне и првиот турнирски натпревар. Според предвиденото, ќе се игра по системот секој со секој, односно ќе бидат одиграни три натпревари кои ќе го дадат името на новиот шампион на турнирот.

Организатор на настанот е општина Кавадарци, а вообичаено и годинава признанијата на најдобрите ќе им ги врачи претставник од семејството Китеви.