МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вечерва со почеток од 19 часот, во Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе се оддржи проекција на еден од најновите македонски играни филмови “Дедо и внук“Улогите ги толкуваат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ и Даниела Иваноска. Режијата е на Илија Пиперкоски.Кратка содржина: После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приниден оди на посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато. Илија Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат.Билетите за филмот, по цена од 100 денари можат да се набават на билетарницата на Домот на културата, два часа пред проекцијата на филмот, од 17 до 19 часот.Напомена: влезните врати на Домот на културата се затвораат пет минути по почетокот на проекцијата.