Денеска на Градските гробишта во Кавадарци беше погребан Диме Каровски- поранешен носител на високи политички функции, долгогодишен директор на ХЕЦ „Тиквеш„ а пред се спортски работник .Тој беше голем кавадарчанец, кој, знаеше на помогне парично а понекогаш и морално многу фирми и поединци.Во колективната меморија ке биде запаметен како спортски работник кој го помагаше ФК Тиквеш и фудбалот воопшто но и и другите спортови, и другите области каде можеше да влијае, и преку тоа индиректно влијаеше на спортскиот и културниот живот во Кавадарци, кон крајот на 80,90 години и почетокот на новиот век.
п.с.
- Даниел Уневски пост на социјалната мрежа Facebook.
„Денеска почина Диме Каров. Искрено не го познавав, ама имам слушано безброј стории за неговата несебична и безрезервна поддршка на кавдаречкиот спорт и култура. Иако помагал на кој ќе стигне за време на неговото директоруење у хецот и никој не вратил назад, денеска доби почит од исто толку личности, институции и клубови колку шо му дадоа поддршка у неговите најтешки денови, т.е. од никој освен нормално од домашните. И не е постот дека не треба да си помагаме и да бијме хумани, туку колку сме за никаде каа луѓе.“
- Тони Коцев пост и коментар на постот на Уневски
Чичко Диме беше своевиден мецена на своето време. Спорт, култура, уметност, како општествен работник несебично помагаше на секој кој ќе се обратеше до него. Како вонреден професор пак во ЕМУЦ К. С. Брко , беше незаменлив со извонредна способност да не заинтересира со методите на предавање на лекциите Нека почива во мир, легенда...