МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Синоќа во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Симона Манчева од Кавадарци. “Сопство“.Изложбата е подржана од Министерството за култура Симона Манчева е родена 1989 во Кавадарци. 2011 Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 2013 завршува магистерски студии оддел сликарство.За својата уметност, Симона Манчева меѓу другото ќе каже: “Моите уметнички интереси се базираат на согледување на фиктивната реалност и уште пофиктивниот морал во општествата. Преку своите истражувања се обидувам да ги прикажам и разнишам нашите стегнати предрасуди и стереотипи кои ги зајакнуваат границите на нашата слобода, истовремено и да се развие свесноста на луѓето за остварување на своите права и задоволување на своите потреби...“

На изложбата говореа Ликовниот уметник Владимир Темков и Јулијана Туриманџова - директорка на Домот на Културата.Симона кратко им се обрати на присутните нагласувајќи дека ова изложба им ја посветува на жените во пресрет на 8 Март.Тие зазслужуваат повеќе и во тој правец таа ќе твори уште посилно.