МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Лакардиите на Паја- згоди и незгоди од нашето секојдневие РТК.МК ги заврши и соноќа ги промовира.Ова е втора сезона , снимени е од „Кавадион„ .Овој пат екипата предводена од актерот и режисер Диме Коцев-кој направи поголема сценариска обработна на сите замислени вицови, успеа да ја насмее кавадаречката публика на промоцијата на новито ДВД издание кое го следеше и градоначалникот Митко Јанчев

РТК.МК со премиера во салата на Домот на културата синоќа го промовира најновото издание на ДВД - посветено на згодите и незгодите на Мара и Блажо и нивните комшии и пријатели, од проектот Лакардиите на Паја кој пред една - две години за прв пат беше публикувано на социјалните мрежи и на јавни манифестации и други проекции. Пред самата проекција во живо Блажо, Мара и Нацо изведоа еден од веќе снимените вицови.

Ликовите на Блажо, Мара, Нацо, Перето,нада ,Беба,полицаецот и другите ,оживејаа како секојдневни кавадаречки ликови кои секојдневнни ги среќаваме, можеби и затоа синоќа публиката искрено се смееше и за миг се оттгрна од секојдневните проблеми.Пред да започне проекцијата актерот и режисер на проектот Диме Коцев им се обрати на присутните.Од име на РТК.МК им се обрати Љупче Сапунџиев при што најави редовна пеоција на два вица неделно премиерно на ФБ профилот на РТК, а исто така и прикажување на вицовите од кавадаречкото секојдневие на некоја од националните телевизии во Македонија.На подржувачите на 2 сезона Инел Интернационал, Кожувчанка Метал Апостолов и Екстра Бус им беа врачени благодарници за поддршка на ова новој хумористичен проект.Инаку проекцијата вечерва ја следеше и гародоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.

Публиката не можеш да ја излажеш, а таа нема шанса да ви лицемери. Искреноста ја видовме во спонатаната реакција со смеа и ведро располоение во текот на целата проекција .Тоа и ни беше целта која ја остваривме.На крајот таа уште еднаш ги виде во живо сите ликови и други личности кои стоеја зад камерите или беа учесници ан проектот.

Мара и Блажо и другите ликовни станаа составен дел од нашето секојдневие , а пред се ведра страна на животот, затоа и добро да ги погледнете на јавни проекција во четврток на 4, во вторник на 9 и во петок на 12 април на платното во кино салата на Домот на културата.