На денешната прес конференција која на иницијатива на Управата на ГФК Тиквеш 1930 се одржа во Кавадарци, присуствуваа преставници на повеќе клубови од Втората фудбалски лига- исток.Револтот доаѓа како резултат на делењето на правдата на судиите на првенствените напревари во пролетниот дел . Тиквеш реагира на нерегуларниот постигнат гол на Кит Го во Пехчево.
На прес конференцијата зборуваа: преставник на ГФК Тиквеш-Миле Масларков, Љупчо Димитковски-Гањо од името на ФК Плачковица и Миле Спирковски - претседател на ФК „Победа„.
Едно од прашањата кои гласно го поставија Масларков и Спирковски беше.Како може еден газда да биде сопсственик на два клуба во иста лига ?
ПРОТЕСТОТ ГО ПОДРЖУВААТ ГФК ТИКВЕШ 1930,ФК ПЛАЧКОВИЦА, ФК ПОБЕДА,ФК ОСОГОВО И ФК ПИТУ ГУЛИ.Ако состојбата не бде надмината се најавува апстинирање од наредните натпревари.