Во присуство на директорот на ЈП Комуналец- Ѓорѓи Поп Ицов, Секретарот на Собранието на Општината Тодор Ефремов, денеска Градначалникот Митко Јанчев одржа прес конференција посветена на мерките кои се применуваат во Општина Кавадарци со цел превенирање и намалување на последиците и ширењето на Корона вирусот на ова подрачје
Инегрален текст од пресот:
„Почитувани,
Со оглед на тоа што секојдневно ситуацијата се менува и се добиваат нови заклучоци, мерки и препораки од Министерството за здравство. И ние будно ја следиме целата ситуација.
Изминатите денови беа поставени пултови на неколку позиции во централното градско подрачје. Од денес тие пултови се прошируваат и им се менува временскиот период. Односно, постоечките 3 пултови остануваат на истите локации, поставен е дополнителен пулт во с.Ваташа и 3 дополнителни пултови во деновите среда , петок и недела на трите влезови на Зелен пазар. Се менува и нивниот вреенски период , односно пултовите ќе бидат поставени од 13 до 17 часот а во деновите кога функционира Зелен пазар од 9 до 13 часот.
Исто така воведовме уште една олеснителна мерка. Сите изнемоштени , стари и болни лица кои не се во можност да ги извршуваат своите секојдневни обврски можат да побараат помош на телефонскиот број 13 300 кој е достапен 24/7. Во текот на наредниот ден од пријавувањето на овој телефонски број општината ќе им одреди еден волонтер кој ќе им помага во набавката на намирници или други потреби кои се спречени да ги извршуваат.
Службите на ЈП Комуналец работат напорно во делот за одржување на хигиената во нашата општина со тоа што сега се врши вонредно перење на речиси сите улици со дезифициент и акцент се става на дезинфицирање на контејнерите и кантите за отпадоци.
Општина Кавадарци заедно со Полициска станица Кавадарци и Општа болница се следи целата ситуација и врши контрола на сите мерки. Исто така ја следиме и ситуацијата на лицата кои се наоѓаат во самоизолација а сега за сега се 78 лица.
Апелирам до сите жители на Општина Кавадарци да ги почитуваат сите препораки и мерки кои ги добиваме секојдневно. Да се грижиме заеднички за нашето здравје и да останеме дома. Во ова време останувањето дома значи еден голем придонес не само за себе туку и за јавното здравје.„