МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од Центарот за Јавно Здравје Кавадарци денеска не информираа за нови 4 лица се позитивни на Ковид 19 од Кавадарци и едно од Неготино.

Д-р спец.епидемиолог Ристе Јовановски ни кажа дека се работи за лица на возраст од 6,35,37 и 45 години.Сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување.

Од податоците за денеска соопштено ни е дека една наша сограѓанка хоспитализирана пред неколку дена поради коронавирус ,на возраст од 69 години починала на Инфектвното одделение во Скопје .