МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во рамките на комуналната изградба Oпштина Кавадарци продолжи со ревитализацијата на повеќе улици во градот.

Се асвалтира и улицата „Јане Сандански“, која неколку години беше во лоша состојба по промената на комуналната подземна инфраструктрура. Новата локална власт изврши поставување на нов слој асвалт во должина од 160 метри и тоа од спојот со улицата „Задругарска“ до спојот со улицата „Народен фронт“. Граѓаните задоволни од проектот со кој општината им излезе во пресрет на нивните барања за санирање на оштетувањето на нивната улица.

Асвалтиран е и крак од улицата „Диме Туриманџов“ на површина од 200 м2. Општина Кавадарци изврши ревитализација на дел од оваа улица до спојот со улицата „9 Бригада“ кој беше значително оштетен. Асвалтирањето на шеесетте метри од улицата е во рамките на комуналната изградба, а се финансира од буџетото на општина Кавадарци.

32074077_2148812198676163_4532876602656161792_n.jpg

thumbnail_3.jpg

thumbnail_4.jpg

320823.jpg

thumbnail_1.jpg