“Почитувани сограѓани,
Како, Влада се грижиме за секој граѓанин, посебно за ранливите категории на граѓани, со што започнуваме со исплата на финансиска помош и тоа:
Финансиска поддршка за пензионерите со најниски пензии веќе започна со исплатата на пензијата за овој месец. Во текот на вчерашниот ден веќе почна со исплата паричната помош за корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, посебен додаток, правото на надоместок заради попреченост, надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба за корисници на надоместок за помош и нега од друго лице, а кои не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои добиваат гарантирана минимална помош.
Овие граѓани четири месеци ќе добиваат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно.
Денес ќе биде исплатена и паричната помош за невработени лица, корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
Како Влада покажавме дека ни е битен секој граѓанин. И како Влада покажавме дека знаеме како да менаџираме во услови на најголема економска криза.“
- беше соопштено на денешната прес конференција на ОО на СДСМ Кавадарци.