МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци спроведувајќи ги препораките и мерките на Владата и на Локалната самоуправа -Кавадарци , во состојба кога поради пандемијата, физички не можат да се следат настаните ид културата и уметниста, на своите сограѓани им нуди можност на ФБ страната на ова институција да ги погледаат настаните кои се одржале во институцијата.

Од таму велат: „Ве покануваме да ги погледнете фотографиите и видео записите на нашата ФБ страна и на нашиот ФБ профил од настаните кои се оддржани во нашата институција (театарски претстави, концерти од сите музички жанрови, ликовни изложби, фото изложби, промоции на книги и др.). Ќе се потрудиме овие денови до Вас да допрат и досега необјавени видео записи од културни и уметнички настани. Доколку некој од Вас има видео записи од настани, слободно нека ни ги препрати,а ние ќе ги објавиме.„

Инаку иако не се одржуваат настани, просториите на Домот се целосно дезинфецирани според законските прописи.