МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од вчера 13 мај 2019, до петок, 17 мај 2019, во Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе се оддржи Фестивал на новиот германски филм.

Овој фестивалот е во организација на Германската Амбасада, Гете-институт Скопје, ПроКредит Банка,Македонски Телеком, Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци и се оддржува по четиринаесетти пат.

Официјалното отворање на фестивалот беше синоќа , а на отварањето говореа директорот на Домот на Културата Александар Mалинков и Катрин Фринсфелд-раководител нна одделот за култура во Германската амбасада во Македонија.

Maлинков не го криеше задоволството од долгогодишната традиција на соработка на Германската амбасада и можноста нашата публика да ги погледа актуелните трендови во германскиот филм.

Филмовите ќе се прикажуваат од 18 часот секој ден, а во 12 часот е терминот за детските филмови. Влезот за сите филмови е слободен!

4567889.jpg